Утрински Весник
Македонија

Водата за пиење во Тетово со невообичаен вкус и мирис, но нема опасност по луѓето

Voda Za Pienje.jpg

Деновиве повторно во Тетово, водата за пиење има невообичаен мирис и вкус, што од 2017 година се појавува речиси секоја есен во октомври или ноември, но надлежните уверуваат дека водата е безбедна за пиење.

Според д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово, непријатниот мирис и вкус доаѓа поради паѓање на вегетацијата, најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во речните води во месноста Лешница од каде се зема вода за новиот водоснабдителен систем.

-Нема опасност бидејќи мирис и вкус се субјективна категорија, водата е безбедна, кој може да ја пие, кој не може да не ја пие. Искуството од 2017 година досега покажало дека за неколку дена субјективнот мирис и вкус ќе го снема, изјави д-р Ратко Давидовски.

Годинава интензитетот е зголемен затоа што тетовскиот водовод повеќе користи вода од површинските односно речни извори.

-Поинтензивно е затоа што со 50 % учествува Лешнички систем во целокупното водоснабдување во градот. Треба да учествува со 30 проценти, другите количини да бидат од шарпланинските извори, но таму штедроста е значително намалена поради голема суша летово. Решение за да нема таков невообичаен вкус и мирис, е да се кондиционира на водата со озонирање или пак со активен јаглен. Озонирањето е потешко и поскапо, филтри со активен јаглен може да се направат за да не се случува, вели Давидовски.

Во системот има доток од 300 литри вода во секунда, односно по 150 литри од двата видови на извори.

Можете да прочитате

Во Дебарско се препорачува внимателно возење поради влажните коловози и помали, но чести одрони

Внимателно возење: Намалена видливост поради магла на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард