Утрински Весник
Македонија

Не верувам дека Палчо ја убил Вања, особено за пари, рече сведокот Кираца Трајковска

Palco Sudenje2 1170x780 1.jpg

Ексдиректорката на „Фершпед“, Кираца Трајковска, се појави како сведок на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таа е мајка на Гоце Трајковски, кој бил во кумски релации со семејството Ѓорчевски, а биле присутни додека се трагало по девојчето. Раскажа како течела потрагата, кој со кого комуницирал, што се преземало и како се дошло до снимките од надзорни камери.
Трајковска во судница даде и свое тврдење за обвинувањето дека Љупчо Палевски-Палчо ја убил Вања.

„Не верувам дека Палчо ја убил Вања“, рече сведокот посочувајќи дека нејзина братучедка била омажена за обвинетиот.

Сведочеше дека нејзиниот син Гоце одел по кафулиња, објекти – секаде каде имало камери за да бара снимки.

„Ставил јакна и рекол јас сум инспектор за да ги земат камерите“, раскажа таа, па додаде: „Бидејќи два дена се бараше девојчето пешки, третиот ден гледаше движење на коли. И тој забележува дека има издувни гасови, и забележале кола (н.з. пред зградата). Сашо рекол нема шанси мене девојчето да влезе во оваа кола. Јас му ги проверував сите профили на Панче Жежовски, јас имам роднина од Велес тој ми ги пушти снимките. Јас се знам со Палевски, откога се ожени со братучетка ми. Порано немаше финансиски проблеми, ама сите сме имале падови и успони“, додаде сведокот.

Беше прашана дали семејството на Александар Ѓорчевски се познаваа со Палевски, на што одговори: „Кој Александар? Зоран? Или сите? – не можам да тврдам 100 отсто ама мислам дека не се знаеја со Палевски“.

Можете да прочитате

Во Дебарско се препорачува внимателно возење поради влажните коловози и помали, но чести одрони

Внимателно возење: Намалена видливост поради магла на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард