Утрински Весник
Македонија

Национален форум на Цивика мобилитас

20241114164240 Big 730x400 1.webp.webp

Во Скопје денеска ќе се одржи Националниот форум на Цивика мобилтас, кој се организира заедно со Владата на Република Северна Македонија.

Како што информираат организаторите, учесниците на форумот ќе ги поздрави амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Улман, а главни говорници на настанот ќе бидат Христијан Мицкоски, претседател на Владата,  Александар Кржаловски, лидер на тимот на Цивика мобилитас и Игор Јанушев, генерален секретар на Владата.

Покрај нив, со претставниците на граѓанските организации ќе дебатираат и Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Весна Јаневска, министерка за образование, Златко Перински, министер за локална самоуправа, Зоран Љутков, министер за култура и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Дискусиите ќе се фокусираат на можностите за подобрување на соработката помеѓу Владата и министерствата и граѓанските организации, велат организаторите на Настанот.

Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Владата на Швајцарија, а ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска, и ФЦГ од Шведска.

Можете да прочитате

Водата за пиење во Тетово со невообичаен вкус и мирис, но нема опасност по луѓето

Николоски на средба со ЗЕЛС: Овозможивме поедноставена постапка за градење на училишта градинки, амбуланти болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата

Малата Теодора има потреба од нас: Го изгуби слухот и потребна и е операција