Утрински Весник
Економија

Заврши првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Sobranie 1.webp.webp

– Заврши првиот ден од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет за Предлог-буџетот за 2025 година. Расправата по Предлог-буџетот во Комисијата за финансирање и буџет трае 10 дена и продолжува утре во 12 часот, по што како Дополнет предлог се испраќа на разгледување и усвојување на пленарна седница на Собранието.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков, во попладневниот дел од комисиската расправа, истакна дека предлог буџетот претставува предлог стратегија која има за цел да обезбеди стабилност, раст, прогрес, како и дека предлог буџетот претставува стратегија која треба да обезбеди намалување на буџетскиот дефицит, ефикасно прибирање средства, но и ефикасно трошење.

-Треба да биде развоен и претставува развоен документ со соодветна социјална компонента. Важно е за еден буџет да имаме правилно проектирани, соодветно планирана приходна страна и соодветно планирана расходна страна. И како вовед добро е да се каже уште веднаш дека за следната фискална 2025 во предлог буџетот на страна на буџетски приходи е планирано да се постигне 358,8 милијарди денари наплата, која би значела приближно 13% раст во споредба со усвоениот ребаланс на буџетот за 2024 година и истиот би изнесувал 40,7 милијарди денари повеќе средства“ рече Лефков.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во попладневниот дел од комисиската расправа, порача дека страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 посто, најголем досега во историјата.

– Јавниот долг во декември 2023 година беше 58,6 посто, за да сега на 31 декември, ќе имаме 66 посто јавен долг, а ако на тоа ги додадеме неизмерените обврски од единците за локална самоуправа, доаѓаме на јавен долг од 70,8 посто. Еве, држете ме за збор и на 15 јануари ќе зборуваме дали е тоа така или не. Никогаш во историјата на Македонија не сме имале толкав јавен долг. И тоа е страшно, за државата, рече Битиќи.

Можете да прочитате

Јовановиќ: Ако во пензија се оди на 67 години, луѓето би ја користеле само шест години, најкратко во светот

Левица: Не за пензија на 67 години

Посета на гувернерката Ангеловска-Бежоска на Банката на Грција за зајакнување на регионалната соработка