Утрински Весник
Македонија

Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка

Gordana Siljanovska Davkova 702x336 1.png

Сиљановска Дакова отповика 7 амбасадори. Според потпишаните укази објавени во Службен весник, до 15 јануари следната гдоина од мисијата во НАТО треба да се врати амбасадорот Дане Талевски. Меѓу отповиканите е и амбасадорот во Албанија Данчо Марковски кого министерот Муцунски го повика на консултации по пописот според кој во Албанија живеат само 2000 Македонци, а речиси 8000 Бугари. По разговорите Муцунски вината за притисоците кои ги трпело македонското малцинство да се попише како бугарско ја лоцираше во претходното раководство во МНР, а не кај амбасадорот кој само добивал насоки.

Со указ на Сиљановска на 1 декември се враќаат и Теута Агаи Демјаха, која е шефица на постојната мисија на Македонија во обединетите нации во Женева, како и амбасадорите во Ватикан, Данка, Казахстан и Катар.

Иако во указите не е наведена причината за нивното повлекување, од кабинетот на Сиљановска појаснуваат дека на сите амбасадори им истекува мандатот.

Кој ќе ги замени нема информации. Од МНР брифираат дека се уште не е почната постапката за именување нови бидејќи нема да се избрзува со кадровски решенија туку ќе се бараат квалитетни и квалификувани лица.

Македонија е без амбасадор и во постојаната мисија на Обединетите нации во Њујорк по оставката на Фрчковски поднесена откако министерот Муцунски го повика на консултации бидејќи со државни пари купувал авионски билети за приватни цели.

Назначувањето нови амбасадори е постапка која трае по повеќе месеци. МНР по консултации со шефот на државата новите кадри ги предложува на владина седница кои откако ќе добијат зелено светло својата програма треба да ја презентираат и пред собрансиката комисија за надворешна политика.

Можете да прочитате

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија