Утрински Весник
Скопје

Подигнати 42 тони отпад од неколку скопски општини

Viber Image 2024 11 11 23 14 18 543.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 42  кубни метри непрописно одложен отпад.
Дел од активностите се одвиваа на улицата 1615 во општината Аеродром, во непосредна близина на Џевахир холдинг, каде што е отстранета дива депонија составена од 10 кубни метри претежно мешан комунален отпад.

Интервенирано е и на улицата Доситеј Обрадовиќ, во општината Кисела Вода, каде што се подигнати околу 7 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања, како и на улиците Џон Кенеди и Цветан Димов во општината Чаир, каде што се отстранети 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.

 Воедно, екипите на Претпријатието, во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на  улицата Јуриј Гагарин, во близина на ресторанот „Македонска куќа“, во скопската општина Карпош.

Можете да прочитате

ДОМ: Недозволиво е Водно да биде жртва на профитерство – учествувајте во јавната анкета за ДУП-от „Барутана”

Левица: Орце прави спектакл за да си го крене рејтингот – една порака, цел политички циркус

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење