Утрински Весник
Свет

Украина може да ја плати цената на ветувањата на Трамп

20241112120604 Big 730x400 49.webp.webp

Доналд Трамп е подготвен да изврши притисок врз Украина да се согласи на договор за прекин на огнот за да и докаже на американската јавност дека може да ги исполни своите ветувања, изјави воен аналитичар и поранешен американски воен советник.

Трамп во предизборната кампања вети дека брзо ќе ја заврши војната во Украина доколку се врати во Белата куќа, но не објасни како ќе го постигне тоа.

Марк Војгер, поранешен специјален советник за руски и евроазиски прашања на командантот на американската војска во Европа, изјави за „Скај Њуз“ дека Трамп најверојатно ќе бара „мир заради мирот“.

-Мислам дека тој би бил подготвен да изврши притисок на Украина за да се постигне мир – не заради правда и не заради обнова на украинскиот суверенитет, туку за да може да го испорача тоа што го ветил, рече тој.

„Секој договор предложен кога Трамп ќе се врати на функцијата најверојатно ќе дојде како резултат на притисок врз Украина со закана дека ќе ја запре виталната помош“, рече Војгер, додавајќи дека Трамп „нема моќ да влијае на однесувањето на Путин“.

На прашањето дали смета дека претстојното претседателство на Трамп е штетно за судбината на Украина, Војгер одговори потврдно.

-Трамп ќе биде повеќе склон да соработува со автократите, рече тој.

„Тој има автократски инстинкти. Тој е изолационист. Таквото однесување ќе му наштети на НАТО, трансатлантската солидарност и на крајот ќе ги загрози столбовите на меѓународниот поредок каков што го знаеме, рече тој. 

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме