Утрински Весник
Балкан

Бугарските националисти разгневени поради претстава на холивудската ѕвезда за војната со Србите

Screenshot 2024 11 12 113156.jpg

Претставата од 19 век во режија на американскиот актер Џон Малкович ги налути националистите во Бугарија кои ја сметаат за навреда за земјата, тврдење кое холивудската ѕвезда го отфрла.

Минатонеделната премиера на драмата „Оружје и човек“ на ирскиот драматург Џорџ Бернард Шо, за Српско-бугарската војна од 1885 година, предизвика насилни протести на националистичките групи.

Држејќи транспаренти на кои пишуваше „Малкович, оди дома“, демонстрантите во четвртокот го блокираа пристапот до Националниот театар „Иван Вазов“ во Софија, пред да се обидат да упаднат во зградата, обвинувајќи го 70-годишниот режисер дека ја исмева историјата на земјата и нејзините граѓани.

„Оваа претстава е срамота и мора да се забрани. Ги исмева нашите предци кои загинаа за Бугарија“, извика 21-годишната студентка Јоана Илијева, која беше во разгневената толпа. По премиерата на претставата во речиси празна сала, Малкович изјави дека е воодушевен од тоа како била примена неговата продукција.

„Тоа е доста необична реакција, но чудно време е во светот – се повеќе луѓе сакаат да цензурираат работи со кои не се согласуваат“, рече тој на прес-конференција заедно со неколку актери на сцената.

Веејќи бугарски знамиња, толпа гневни демонстранти вербално и физички ги нападнаа директорот на театарот и поранешниот министер за култура. Обвинителството отвори истрага за конфликтите.

Можете да прочитате

Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија

Стејт департментот на САД го прогласи Алтин Думани за антикорупциски шампион

Лепа Брена итно оперирана: Снимен моментот кога камерманот падна врз пејачката