Утрински Весник
Балкан

Борисов ги продолжува преговорите за состав на нова бугарска влада

20241028071213 Big 730x400 78.webp.webp

ГЕРБ-СДС (двопартиска политичка коалиција од Бугарија меѓу ГЕРБ и Унијата на демократски сили, предводена од Бојко Борисов) утре ќе започне разговори за разгледување на заеднички политички активности во рамките на 51-от состав на Парламентот, соопшти прес-центарот на ГЕРБ.

Преговарачкиот тим на победничката политичка партија на изминатите избори ќе го води нејзиниот претседател Бојко Борисов, а во него ќе учествуваат и Раја Назарјан, Томислав Дончев и Росен Желјазков, пренесува БТА.

Првите разговори ќе се одржат во Народното собрание, со почеток од 8:30 часот со „БСП – Обединета левица“, а во 9:30 часот се предвидени разговори со „Има таков народ“.

Вчера, пред почетокот на првото заседание на парламентот, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, предложи формирање четворострана коалиција меѓу водечката политичка сила, „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“, „БСП-Обединета левица“ и „Има таков народ“.

Тој исто така објави дека ќе биде кандидат за премиер и дека нема да отстапи.

Во исто време, Борисов изјави дека новата коалициска влада може да се формира без „ДПС-Нов почеток“, „Сојуз за права и слободи““, „Преродба“ и МЕЧ. 

Можете да прочитате

Почина Миодраг Костиќ, „српскиот крал на шеќерот“ и основач на МК Груп

Албанија потпиша меморандум за соработка со Азербејџан за гасификација на округот Корча

Експлодира бојлер во стан во Нови Сад, маж пренесен во Институтот за белодробни заболувања