Утрински Весник
Македонија

Од Нова година македонските граѓани без зелен картон ќе патуваат кон Србија и Албанија?

8e03829d Resize 820x0x100.jpg

Кон средината на декември најверојатно ќе се знае одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија.

Овој трошок за граѓаните на Македонија, но и за граѓаните на другите членки на ЦЕФТА договорот треба да се укине, вели Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел .

Поседувањето на овој документ сега е задолжителен при влез на територијата на Русија , Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.

Зелениот картон е само доказ дека сопствениците на автомобили веќе платиле осигурување за својот автомобил и не е посебен документ, туку само потврда дека сте платиле осигурување, но за него се издвојуваат одредена сума пари. Возачите во Македонија во просек ги чини околу 2.000 денари месечно или речиси 4.000 денари годишно.

Можете да прочитате

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“

Вечерва избувна голем пожар и кај Македонски Брод, за сега никој не интервенира

Кукуновски за 24 Инфо: Граѓаните од Чучер Сандево сами го спасија манастирот од пожарот