Утрински Весник
Свет

Во Франција запленети 1,2 милиони евра, уапсени 15 осомничени за трговија со дрога

20241109140525 Big 730x400 85.webp.webp

Обвинителството во Марсеј денеска потврди дека Одделот за борба против наркотици запленил 1,2 милиони евра скриени во комбе и оти по повеќемесечна истрага уапсени се 15 лица.

Полицијата постапила во рамки на истрагата за перење пари заработени од трговија со дрога, која обвинителството ја покрена во 2023 година.

Во рамките на таа истрага, во септември 2023 година веќе беа запленети 43 килограми кокаин и 50.550 евра, а против три лица беа покренати обвиненија.

Истражителите откриле „активен и профитабилен систем за собирање пари од трговија со дрога“.

Потврдено е дека неколку пати неделно во возила со специјално направени скриени прегради се вршеле трансфери на торби со неколку стотици илјади евра готовина.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме