Утрински Весник
Спорт

Сабаленка по поразот од Гоф: Постигнав многу оваа сезона, па нема простор за разочарување

20241109110601 Big 730x400 5.webp.webp

Првиот светски рекет Арина Сабаленка не е разочарана по вчерашниот пораз од Коко Гоф во полуфиналето на завршниот турнир на ВТА.

Дваесет и шестгодишната Сабаленка загуби од Американката со резултат 6:7 (4:7) и 3:6. Во оваа фаза од турнирот таа губи втора година по ред.

– Мислам дека постигнав многу оваа сезона, така што нема простор за разочарување. Само треба да се гордеам со себе. Освоив два Грен слем турнири, станав светски рекет број еден и ја завршив годината во овој статус. Навистина се радувам на новата сезона и сакам да продолжам да се стремам кон подобро, истакна Сабаленка.

Таа сезоната 2024 освои четири ВТА турнири. Вкупниот нејзин биланс годинава е 54 победи и 12 порази.

Можете да прочитате

Мурињо му одговори на Пеп: Само сакам правда

НБА куп: Оклахома го елиминира Далас, Милвоки го победија Орландо

Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута го победи Интер, Брест е сензацијата во ЛШ