Утрински Весник
Скопје

Трет „Слоу Фуд салон“, околу 70 изложувачи од цела држава

20241108192113 Big 730x400 85.webp.webp

„Ние сме заедница“ е мотото на третиот „Слоу Фуд салон“, кој денеска ќе се одржува во Скопје. Поддржувачи се шведската организација „We Effect“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што е најавено, ќе има околу 70 изложувачи од цела држава, а ќе бидат застапени традиционални производи: домашен ајвар, лутенка, пинџур, мед, џем, разни видови сирења и кашкавал, сувомеснато чадено на дрва, слатко од смокви, домашни јуфки, производи од тартуфи, домашни сокови, сушено овошје, галички чај….

Посетителите ќе имаат можност да пробуваат вина од мали семејни винарии, дестилерии и занаетчиски ракии.

„Слоу Фуд салон“ ќе се одвива од 12 до 20 часот во Хотел Лимак и во тој временски период ќе има мастер класови и работилници за вкус, конференции посветени на малите производители и на едукација, семинари, катчиња и едукација за деца… Ќе учествуваат готвачи, експерти, волонтери и едукатори.

Можете да прочитате

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба

До следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз, очекува Мицкоски

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост