Утрински Весник
Македонија

Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Sdsm 1.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври, кога се спроведуваше владината мерка, се „намалиле” за само 0.1%.

Се потврди тоа што СДСМ го говореше и што граѓаните го чувствуваат секој ден – нема намалување на цените во маркетите. Дебакл на мерките на владата кои се покажа дека немаа никаков ефект и не дадоа резултат.

Затоа, Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ политичкиот инает треба да го замени со прифаќање на предлог Законот за укинување на ДДВ на храната на СДСМ, со кој граѓаните реално ќе заштедат до 2.000 денари месечно.

Пакетот од три мерки и закони на СДСМ ќе значат поголеми плати, помали цени на храна и повеќе пари во џебот на секој граѓанин.

Ова е во интерес на сите граѓани и СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај Владата за подобар животен стандард и заштита на граѓаните кога животот им станува се потежок.

Можете да прочитате

Од недела пад на температурите за пет до седум степени

РСБСП: Подгответе се за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови

Потрошувачите оценија: Веро е најмодерниот маркет во земјава