Утрински Весник
Македонија

Левица: Скандали ја тресат Детската клиника – Ургентниот центар останува затворен и со ДПМНЕ

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштение на Левица:

Ургентниот центар на Клиниката за детски болести уште не е во функција, откако скандалозно беше затворен од страна на директорката Стојка ФУШИЌ, која беше поставена од претходната влада на СДС и ДУИ. За сериозноста на ситуацијата со Детска клиника говори фактот што само изминатиов месец, две деца починаа на Клиниката, при што за едниот случај беа констатирани пропусти кај лекарската грижа. За жал, од актуелниот директор МЕМЕДИ нема никаква најава за сериозни реформи, се кои ќе се стави во функција единствениот Ургентен центар за деца.

Детската клиника се наоѓа во очајна состојба, со нефункционален Ургентен центар каде се одбиваат деца за хоспитализација поради редуцирани капацитети. Откако беа констатирани пропусти во случајот со 14-годишното дете кое почина на Детската клиника, медиумите обзнанија дека седум доктори од оваа клиника во јуни барале шестмесечна обука за одделот за интензивна нега, но истите биле ОДБИЕНИ. Дел од овие доктори биле токму на смена кога настана трагичниот случај со предоцна хоспитализираното дете.

Ги повикуваме владејачката ДПМНЕ и министерот Таравари, заедно со неговиот директор на Детската клиника – Реџеп Мемеди, ВЕДНАШ да вложат напори за да се стави повторно во функција Ургентниот центар. Впрочем, пред само една година, ДПМНЕ обвинуваше дека не смее да се затвори единствениот центар каде се третираат најтешките педијатриски случаи од целата држава. Токму како опозиција, ДПМНЕ реагираше дека “очекуваат Клиниката за детски болести со своите постапки да направи сѐ што е неопходно овој ургентен центар вистински да проработи и да не биде злоупотребуван просторот само за привилегирани пациенти.”

За жал, и после сите скандали на Детската клиника под раководство на Реџеп Мемеди и загриженоста која ДПМНЕ ја искажуваше во опозиција, владејачката коалиција продолжува да молчи. Левица бара веднаш да се преиспита работата на Детската клиника и да се лоцира одговорноста за катастрофалната состојба и пропустите во нејзината работа. Во спротивно, сета загриженост која ДПМНЕ ја искажуваше во опозиција претставува најгруба политичка злоупотреба на медицинскиот кадар и пациентите, додека јавното здравство продолжува да тоне.

Можете да прочитате

Славески до приватните превозници: За промени на договорите, треба предлог од градоначалник на Град Скопј

Нема договорено средба Мицкоски – Радев во Будимпешта

Перински во Словенија: Словенечките искуства значително ќе придонесат за зајакнување на капацитетите за нашата европска перспектива