Утрински Весник
Спорт

Бензема: Мбапе знае дека во Реал убиваат за 2-3 меча без постигнат гол

Mbape 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерот на Ал-Итихад, Карим Безема го сподели своето мислење за притисокот врз напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

– Мбапе знае дека има голем притисок во Реал Мадрид, таму те убиваат ако одиграш 2-3 натпревари без постигнат гол. При тоа, можете да ја освоите Златната топка, а потоа да не постигнете гол на три натпревари, го цитира Бензема, новинарот Фабрицио Романо на својата страница на социјалната мрежа.

Оваа сезона Мбапе на 14 натпревари во сите натпреварувања постигна осум гола и две асистенции. Последен пат 25-годишниот Французин погоди на гостувањето во Ла Лига со Селта Виго (2:1) на 19 октомври. 

Мбапе веќе е изложен на критики, како од медиумите, така и од стручниот штаб на „Кралскиот клуб“.

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk