Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие на СДСМ, нема јака опозиција со вакви репрезенти

Vmro Dpmne 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче е должен да даде одговори на јавноста за видеото кое руши рекорди на социјалните мрежи од приватна журка со Заев од луксузниот хотел Хилтон во Дубаи.

Откако СДС, Заев и Филипче направија историски грабеж на државата и аздисано ги трошеа државните пари, излезе видео на кое се гледа како лудуваат и се забавуваат на приватни журки во луксузниот Дубаи каде влезниците на настанот се и по стотици евра.

Во време кога Македонија се соочува со сериозни економски и социјални предизвици поради владеењето на СДС во изминатите 7 години, а народот мака мачи како да преживее до 1-ви во месецот, Заев и Филипче покажуваат раскалаштено однесување и воопшто не се загрижени за народот и состојбите во државата.

Во време кога рејтингот на Филипче е 5 % и тоне кон ниво на статистичка грешка, кога дури ни во сопствената СДС не знаат кој им е лидер, Филипче  се забавува на скапи журки во странство и испраќа погрешна порака и слика во јавноста за приоритетите и вредностите кои треба да ги поседува лидер на партија.

Јавноста треба да знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и животниот стандард на граѓаните, додека се обидуваат да ја замајуваат јавноста со безсмислени прес конференции.

Нема јака опозиција со вакви репрезенти.

Додека бившиот и сегашниот лидер на СДС организираат забави во странство, ВМРО-ДПМНЕ само за 4 месеци донесе неколку нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања.

ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова економска реалност. ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните.

Можете да прочитате

Единаесет наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација

Официјално пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

Затворен аеродромот во Тел Авив, македонската амбасада во Израел соопшти дека активна е само морска рута