Утрински Весник
Македонија

Филипче: На 24 ноември Конгрес на СДСМ за избор на ново раководство

Vfpresss1 1.jpg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, изјави  дека на 24 ноември СДСМ ќе го избере новиот Централен и Извршен Одбор, како и целокупното партиско раководство. На Конгресот ќе се дискутира за идните политики и делување на партијата. 

„Имаме комуникации со граѓаните постојано, и јас лично и претставниците на пратеничката група во рамки на изборните единици каде што се избрани. За 24 ноември е закажан Конгресот на СДСМ на кој што ќе се избре новиот Централен одбор од кој ќе произлезе новиот Извршен одбор и целокупното партиско раководство, по што сите активности ќе се засилат”, рече Филипче.

При тоа, Филипче потенцираше дека во моментов во СДСМ се случува значајна консолидација и активно се работи на враќање на довербата во партијата.

„Тоа што го работиме интензивно изминатите месеци е враќање на довербата на нашите членови и симпатизери. Можам да кажам дека имаме позитивен фидбек. Има значително подобрување на атмосферата внатре во општинските  организации и тука во централата во Скопје. Вратен е ентузијазмот, ни пристапуваат многу наши членови коишто не гласале или пак гласале за друг политички субјект. Така што , иако тој процес не е лесен, тежок е и одзема време, сметам дека патот на консолидација е дефинитивно почнат”, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче

Можете да прочитате

СДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски – ЗНАМ 2.0 нема да помине

Левица: ДПМНЕ го награди послушниот Уставен суд – само 24 часа по цензурирањето на Левица, уставните судии си добија покачени плати

Мицкоски во Њујорк: НАТО, САД и ЕУ е една јасна геополитичка ориентација