Утрински Весник
Македонија

Меџити: Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата Дрисла

Im Dr5.jpeg

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла” Ненад Јосевски ја посетија депонијата „Дрисла”. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата, со цел таа да биде целосно функционална и да нуди побезбедни и поефикасни услуги.

Министерот Меџити ја нагласил потребата од заградување на депонијата пред се од безбедносни причини, а со тоа ќе се овозможи заштита на животната средина и јавното здравје. Тој нагласи дека потребните инвестиции ќе помогнат да се подобрат условите за работа и ќе се придонесе за подобро управување со отпадот во регионот.

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет