Метео анализа на Славчо Попоски:
Во текот на оваа работна недела, и тоа под влијание на значително постудена воздушна маса која се спушта од северните и од североисточните предели на Европа, времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и значително постудено, особено во утринските часови. Ќе има и повремено појава на мала до умерена локална облачност.
Ќе биде претежно тивко, па така во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Наутро температурите во поголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Само понекаде во југоисточните предели температурата ќе се искачи до 20 степени.
Во Скопје и околината во текот на оваа работна недела ќе имаме слично време, односно стабилно,суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, а во утринските часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 0 и 2 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.
НАПОМЕНА: Поради тоа што во утринските часови очекуваме значително постудено време, препорачуваме со себе и тоа доколку излегувате задолжително со себе да си понесете топла облека, зошто и тоа како ќе ви биде потребна истата.