Утрински Весник
Македонија

Две работилници и годишен состанок на ММП на затворањето на Денови на медиумска писменост 2024

20241027213426 Big 730x400 58.webp.webp

Две работилници, видео прилог на тема „Новинарите и вештачката интелигенција“ и годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост, се активностите со кои денеска ќе бидат затворени Денови на медиумска писменост 2024, кои годинава се одржуваа под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“.

Во Хотел Арка со почеток во 10 часот ќе се одржи работилница на тема „Препознавање и одговор на говорот на омраза“, организирана од Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и ОБСЕ.

Потоа, од 12 часот, Радио МОФ ќе организира видео прилог на тема „Новинарите и вештачката интелигенција“, кој ќе се одржи онлајн.

Во исто време, од 12:30 до 14:30 часот, во Младинскиот центар во Пробиштип ќе се одржи работилница на тема „Лице в лице: Кокреираме приказни“, организирана од Лице в лице и ГРИГ.

Денот и целата програма ќе завршат со годишниот состанок на Мрежата за медиумска писменост, кој ќе се одржи од 14 до 15 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со бројните работилници, панел-дискусии, конференции и разни онлајн активности, Мрежата за медиумска писменост изминативе денови даде придонес кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост во организација на Алијансата за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.

Темата на ДМП, поврзана со Глобалната недела, гласи „Медиумска и информациска писменост за информирање во јавен интерес“.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер