Утрински Весник
Македонија

Подкаст Зрак: Мажите мора да посветат повеќе внимание на своето здравје

Whatsapp Image 2024 11 03 At 14.43.51 C7073cf9.jpg

Во Ноември, месецот на машкото здравје, во подкастот Зрак, домаќинката докторка Марина Вукашиновиќ разговараше со угледни доктори на тема канцер на простатата.

Во разговорот, спец.д-р Виктор Станков –уролог од Универзитетска Клиника за урологија и д-р Александар Ристески психијатар на Клиника за психијатрија кои напоменаа дека мажите за разлика од жените многу помалку прават превентивни прегледи.

,,Ние мажите имаме други механизми на одбрана, велиме ништо не ми е и со тоа го одложуваме проблемот, а тоа на крајот може да заврши и фатално” рече Ристески.

Доктор Станков порача дека голем дел од канцерите се појавуваат од начинот на живот на еден човек, односно од исхраната, физичката активност, пороците и порача дека мажите мора да бидат повнимателно во работите што зависат од нив.

На следниот линк погледнете ја целата емисија.

Можете да прочитате

Два активни пожари во Скопје, едниот во Брњарци, другиот во Волково

СВР Битола уапси две лица за подметнување пожари на отворен простор

Левица: ДПМНЕ има повеќе советници за млади и демографија отколку какви било резултати – училиштата им се празнат оред очи