Утрински Весник
Македонија

Вистинска зима од утре, наутро и до -5: Неделава пристигнуваат јаки мразеви на Балканот

Studeno Vreme.jpg

Почнувајќи од денеска (недела), па во текот на следната седмица, територијата на Балканот, и секако во Македонија ќе бидат под влијание на значително постудена воздушна маса од север и од североисток на Европа. Во ваква ситуација кај нас температурите ќе опадната за 6 до 9 степени во однос на оние кои ги имавме досега. Во регионот температурите ќе опаднат дури за повеќе од 10 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Особено студено ќе биде наутро, кога на многу места од Балканот, како и во Македонија ќе има појава на умерени, а во регионот до јаки мразеви, особено на планинските места.

-Тоа значи дека температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 0, односно под -5 степени. Се на се, пред нас е многу поладен, но сув период, токму поради ова ви препорачувам доколку излегувате наутро, задолжително со себе да си ја понесете топлата облека, поради тоа што и тоа како ќе ви биде потребна, вели тој во најновата метеопрогноза.

Можете да прочитате

Полицаец кој ја загуби својата ќерка во дискотеката „Пулс“: Млади деца, момчиња и девојки, сè изгорено – ништо не можеше да се спаси

Повредениот Авокатов: Трагедијата во „Пулс“ разбуди емпатија кај народот, имавме голема поддршка!

Повредениот Авокатов ја опиша годината помината од големиот пожар во Кочани