Утрински Весник
Скопје

Жена пријавила дека се обиделе да ѝ го киднапираат детето во парк во Ѓорче Петров

Gjorce Park.jpg

Драма се одвивала во паркот во Ѓорче Петров во текот на вчерашниот ден. Мајка пријавила обид за киднапирање на нејзиното дете, од страна на жена која седела на една од клупите во парк.

Кога мајката забележала што прави, почнала да вика да застане, а поради сомнежот дека се обидува да и го киднапира детето, почнала да вика и „полиција, полиција“. Жената застанала и ѝ рекла да престане да се дере.

Случајот е пријавен и во полиција, а жената која го земала детето посочила дека целта и била да го однесе кај нејзините деца додека го најде родителот – иако мајката била цело време близу со детето.

„Ддодека била со нејзините две деца, М.М.(46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од децата на А.Б. да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М. со детето на А,Б. тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го земала детето.

Со М.М. е извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот“, велат од МВР за „Скопје1“

За случајот е известен и јавен обвинител.

Можете да прочитате

Саем на креативни индустрии денеска во „Лабораториум“ од 10 до 18 часот

Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба