Утрински Весник
Македонија

Никола Димитров нападнат додека пазарел

Img 6535.jpeg

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во својот најнов статус на Фејсбук сподели непријатна случка со агресивен напад од непознат човек, кој според него најверојатно бил политички мотивиран. Димитров истакна дека, иако како јавна личност е свесен за критиката, не може да толерира кога таа ескалира во агресија и закани, додавајќи дека инцидентот го пријавил во полиција.

Димитров предупреди на растечкото насилство и нетолеранција во македонското општество, кои, според него, произлегуваат од атмосфера на неказнивост и агресија поттикната од партиите, медиумите и ботовите. Го изрази своето загрижување за секојдневните случаи на физичко и вербално насилство, потсетувајќи дека без одговорност и ред сите граѓани се жртви на овој проблем.

„Мора да сме и подобри и позрели од ова, инаку сите ќе се удавиме во примитивизам“, напиша Димитров, повикувајќи на итни мерки за справување со насилството и нарушените вредности во македонското општество.

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја