Утрински Весник
Свет

Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно

20241102105344 Big 730x400 54.webp.webp

Над осум милиони евра буџетот на Рим ќе го чини ангажирањето на вкупно 295 карабинери и италијански полицајци, кои ќе бидат вработени во прифатните центри за имигранти во Албанија, во Ѓадр и Шнѓин.

Новинската агенција „Ла Пресе“ јавува дека офицерите кои доаѓаат од Италија ќе престојуваат во еднокреветни соби во два луксузни хотели, во крајбрежната област Шнѓин. Станува збор за хотели кои нудат приватна плажа, велнес центар, додека пристап ќе имаат во  два луксузни ресторани, објави А2 телевизија.

Според деталниот напис, годишните трошоци за живот на полицајците и карабинерите кои ќе работат во двата центри ќе изнесува 8.897.200 евра.

-Трошоците за секој полицаец се проценуваат на приближно 80 евра дневно, додека за нивно сместување постои можност да се користи и трет хотел, од истата категорија. Овој договор на италијанската влада е потпишан на една година, пренесува телевизијата

Потсетува дека до сега иако се изградени камповите во Ѓадр и Шнѓин, внатре во нив нема имигранти. Дури и 12 од нив кои првично беа населени, по одлука на Римскиот суд за имигрантите од „безбедните земји на потекло“ се вратени назад во Италија.

-Опозицијата во Италија го смета договорот Рама-Мелони за формирање два центри за баратели на азил како вистинско губење народни пари, во време кога „полициските сили во земјата имаат други приоритети како што се зголемување на платите, итни регрутации и купување на нова опрема, додава А2 телевизија. 

Договорот, потпишан во Рим на 6 ноември минатата година, со важност од пет години и можност за негово продолжување, Италија ќе ја чини најмалку 670 милиони евра. 

Можете да прочитате

Санчез: Уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите

Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца

Камала Харис: Од надарена правничка до трка за Белата куќа