Утрински Весник
Македонија

Три работилници за медиумска писменост на четвртиот ден од ДМП 2024

Mediumi.webp.webp

Четвртиот ден од Деновите на медиумска писменост 2024 носи три работилници со фокус на дезинформациите, вештачката интелигенција и медиумската писменост кај средношколците.

Во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје од 09:30 до 12:30 часот,  ќе се одржи работилница на тема „Медиумска лабораторија: Препознавање дезинформации и креирање медиумски содржини“, организирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Потоа, од 10 до 12 часот, во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи работилница на тема „Медиумската писменост и средношколците“, организирана од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Твининг проектот.

Денот ќе заврши со работилница на тема „Вештачка интелигенција: можности и ризици“, која ќе се одржи од 12:30 до 14:30 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со Деновите на медиумска писменост 2024, кои ќе се одржат од 28 октомври до 4 ноември под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“, преку голем број разновидни настани Мрежата за медиумска писменост дава придонес кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост во организација на Алијансата за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.

Темата на ДМП, поврзана со Глобалната недела, гласи „Медиумска и информациска писменост за информирање во јавен интерес“.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор