Утрински Весник
Македонија

Муртезани: Македонија и Косово со заедничка меѓувладина седница, следниот месец

Ss 7.jpg

Владата на Македонија ќе ја одржи првата заедничка меѓувладина седница со Владата на Косово, на 18 ноември годинава во Приштина. Ова го соопшти министерот за европски прашања Орхан Муртезани во интервју за весникот ЛАЈМ.

На 18 ноември, Владата на Македонија на чело со премиерот Христијан Мицкоски ќе престојува во Приштина на билатерална средба со Владата на Косово. Мислам дека со ова ќе паднат во вода сите тие обвинувања, особено од албанската опозиција која се плаши да го прифати фактот дека е во опозиција и тоа се обидуваат да го прикријат со продавање магла, дека Северна Македонија е ориентирана кон Србија. Еве конкретен чекор на новата влада, ќе одиме во Приштина пред да одиме во Белград“, изјави Муртезани.

Можете да прочитате

Шасивари се сретна со новиот турски амбасадор Алпер Акташ: Продлабочување на соработката во областа на правдата

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка” АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите