Утрински Весник
Македонија

Владата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ се грижи за животниот стандард на граѓаните, платите на функционерите нема да растат

Vmro.jpeg

интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и ДУИ 7 години ја уназадуваа државата, ги осиромашија граѓаните а животниот стандард постојано опаѓаше.

СДС и ДУИ  за 7 години ја уништија државата и економски ја колабираа поради свои лукративни причини грижејќи се само за фамилијарните бизниси и функционерите блиски до нивните структури.

СДС повторно ја демонстрира својата немоќ и хипокризија и се обидува да ја дезинформира јавноста.

СДС ги остави празни државните каси, рака под рака со  низа неостварените проекти.

СДС и ДУИ има време 7 години да ја покажат нивната “експертиза”, која ја донесе државата на дното.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата од кампањата, платите на функционерите нема да се зголемуваат.

ВМРО-ДПМНЕ  се грижи за граѓаните за стандардот на граѓаните и платите на функционерите следната година нема да се зголемуваат.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ неуморно работи на привлекување на нови инвестиции, отворање на нови работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните.

Можете да прочитате

(Видео) Филипче во Собрание покажа нови докази дека Христовски е незаконски поставен за директор на АНБ

Мицкоски до Филипче: Ако сакате да одиме на избори, да се провериме

ИЈЗ: Нови 42 случаи на грип во државава