Утрински Весник
Спорт

Јокиќ броеше до 40 Денвер победи во Торонто, прв пораз на Лејкерси, Банкеро до рекорд на кариерата

Untitled 7 14.jpg

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Торонто Репторс со 127:125 по продолжение и ја забележаа првата победа во сезоната 2024/25.

По 41 поен во поразот од ЛА Клиперс, актуелниот МВП, Никола Јокиќ постигна 40 против Репторс во Торонто, со десет скока, четири асистенции и две блокади, но и покрај ова шампионот од 2022 година мораше да игра продолжение за да дојде до првиот триумф во сезоната. Џамал Мареј го погоди шутот за изедначување во финишот на последниот период.

Мареј постигна 17 поени шутирајќи 6/20 од поле, со девет скока и седум асистенции, Кристијан Браун. како член на првата петорка уфрли 17 поени, еден помалку постигна Арон Гордон, со 11 скока и осум асистенции, додека Мајкл Портер го заврши натпреварот со 13 поени за 39 минути на паркетот.

Феникс Санс успеа да му го нанесе првиот пораз на Лос Анџелес Лејкерс, 109:105.

Санс до победата ги предводеа Девин Букер со 33 поени, три скока и две асистенции, како и Кевин Дурент со 30 поени, осум скока и четири асистенции.

Натпреварот го одбележа лошата игра на Леброн Џејмс, кој постигна 11 поени со 3/14 шут од поле, пет скока и осум асистенции.

Најдобар учинок имаше Ентони Дејвис, кој забележа дабл-дабл со 29 поени и 15 скока, а го следеа Остин Ривс со 23 поени, осум скока и три асистенции, како и Руи Хачимура со 20 поени и 10 скока.

Херој на вечерта е Паоло Банкеро, кој постигна рекордни во кариерата 50 поени за во победата против Индијана 119:115.

Поранешниот прв пик на драфтот ја заокружи неверојатната вечер со 13 скока и 9 асистенции. Инаку, Банкеро го израмни рекордот на франшизата со 37 поени во првото полувреме.

Далас Маверикс ја победи Јута Џез со 110:102. Лука Дончиќ не блескаше имаше 15 поени со девет скока и осум асистенции, шутираше 5 од 22 од поле, погоди само една тројка од девет обиди.

Најдобар беше Кајри Ирвинг, кој постигна 23 поени со шест скока и девет асистенции, а го следеше Клеј Томпсон со 18 поени, четири скока и две асистенции.

Резултати:

Орландо – Индијана 119:115
Атланта – Вашингтон 119:121
Бостон – Милвоки 119:108
Мајами – Детроит 106:98
Њујорк – Кливленд 104:110
Торонто – Денвер 125:127 пр.
Мемфис – Чикаго 123:126
Сан Антонио – Хјустон 101:106
Далас – Јута 110:102
Феникс – ЛА Лејкерс 109:105
Сакраменто – Портланд 111:98

Можете да прочитате

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1