Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Сè што кажа- Мицкоски излажа, и договорот со „Бехтел и Енка” му стана историски најдобар

Sdsm.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово ветување додека беше во опозиција се покажа како голема лага и измама.

Граѓаните гледаат дека Мицкоски како премиер прави сè, ама буквално сè обратно од тоа што го говореше и го ветуваше пред изборите.

Кога беше во опозиција Мицкоски на сите ѕвона го прогласи договорот со „Бехтел и Енка” за „историски криминал” и тврдеше дека е „спорен по сите основи”.

Е ама откако седна во премиерската фотелје смени лента Мицкоски преку ноќ. Сега наеднаш Мицкоски го фали со истиот тој договор со „Бехтел и Енка”, гордо кажува дека е добар за државата, раскажува колку биле значајни проектите за изградба на Коридорот 8.

Вчера едно-денеска друго, толку многу превртливост има во изјавите на Мицкоски што неговото лажење на народот се сведува на ниво на политичка перверзија.    

Ова е уште една потврда за лагите кои ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги пласираа во опозиција. Но, најважно е дека ова е признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ, како овој со изградбата на Коридорите 8 и 10, биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина