Утрински Весник
Македонија

Милошоски: ДУИ да се наочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма

Antonio Miloshoski 28.10.2024.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со последиците оставени од владеењето на СДС и ДУИ меѓу кои и огромен буџетски дефицит и падната доверба на граѓаните во институциите на системот, вели пратеникот и  член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето во централниот Дневник на Сител телевизија.

Но, од друга страна пак, посочува Милошоски, ДУИ тешко се справува со позицијата во опозиција и смета дека нивниот претседател, очигледно, во обидот да привлече внимание и кај актуелната влада и кај меѓународната заедница манипулативно отвара теми кои не соодвестуваат со реалноста.

Во однос на писмото кое денеска Ахмети го испрати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Милошоски вели дека самиот се побива бидејќи тој лично пред неколку години потврди дека Охридскиот договор е завршена работа и партијата ја ребрендираше во зелена.

„Прво, самиот Али Ахмети се побива себе си со ова напишано писмо, бидејќи тој лично како претседател на ДУИ во 2021 година тука во Скопје промовираше на роденденот на ДУИ дека Охридскиот договор е завршена работа, националните теми се затворени и затоа ДУИ се трансформира во зелена партија со агенда за животната  средина. И сега одеднаш кога падна ДУИ во опозиција ја нема животната средина ја нема зелената агенда, не е приоритет, сега повторно се оди на етнизирање на одредени теми како балансерот или слични други алатки кои ДУИ кога била на власт се согласила да бидат избришани. И затоа сметам дека ваквото негово писмо е патетично и е еден очаен обид  за да се привлече внимание врз себе како одреден фактор од кој што зависи стабилноста или нестабилноста на државата, но тие времиња поминаа и најдобро е ДУИ да си посвети внимание на сопствените внатрепартиски реформи”, рече
Милошоски додавајќи дека Али Ахмети има обврска да си ја реформира неговата партија од високата  корупција.

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност