Утрински Весник
Македонија

Ахмети го пречека шефот на ОБСЕ Вал: ДУИ ќе се бори за европскиот пат

Aakill.jpg

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Килијан Вал.

Претседателот Ахмети и амбасадорот Вал разговараа за многу прашања во земјата и регионот, меѓу кои евроинтеграциите, приоритетите на ДУИ за земјата и граѓаните, легитимитетот, ситуацијата во Северна Македонија и Косово итн.

Ахмети му порача на Вал дека ДУИ, без никакво сомневање и со сите сили, останува недвосмислен промотор на европскиот дух и пријателството со Америка кај нас, па затоа преговарачката рамка со Европската унија мора да ја спроведеме без одлагање.

Партнерите во власта без етнички легитимитет ветија дека за 3 до 6 месеци ќе го сменат Уставот.

ДУИ нема да дозволи отстапување од европскиот пат и ќе инсистира на уставни измени бидејќи граѓаните се решени да станат дел од Европската унија.

ДУИ не сака и нема да биде дел од оваа влада, туку води битка за национално достоинство од секојдневното погазување и за почитување на Охридскиот договор како и евроатлантската ориентација на државата.

Нас не нè интересира власта и под никакви околности оваа наша битка и битката на Албанците не е и нема да биде страст за власт.

Потписниците на Охридскиот договор треба да бидат алармирани за овие сериозни нарушувања на меѓуетничките односи и еднаквост.

Г-дин Ахмети посочи дека Уставниот суд со прегласување по политичка наредба ја избришал етничката припадност, а на ред е и албанскиот јазик.

Овие одлуки се неприфатливи за нас.

Во меѓувреме, во регионот, албанско-српското помирување со взаемно признавање меѓу Косово и Србија е неопходност и само тоа ќе донесе мир, стабилност, безбедност и регион со перспектива, додека голем историски договор во регионот е потребен и за посветеност за незагрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија од нејзините соседи.

Овие историски и визионерски процеси мора да ги гарантираат Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ