Утрински Весник
Спорт

Георгиевски освои сребро Г1 светскиот куп во Букурешт

20241028084954 Big 730x400 72.webp.webp

Со две победи над Вудард Дарел од САД и Андреу Петрос од Кипар, македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски викендот обезбеди финале и сребро на светскиот Г1 куп во Букурешт, Романија.

– Во финалето се сретнавме добро познатиот репрезентативец на Франција Ел Омар, до сега четири пати сме успеале да го добиеме, но денеска беше негов ден. Одиме по зацртаната патека, олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се наш следен предизвик. Чекориме по највисоките светски олимписки стандарди, тоа е критериум кој го поставивме и живееме за да го негуваме. 
За Македонија со срце! – објавија од Македонската таеквондо федерација.

Амбициите на Георгиевски се обезбедување норма за следните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Можете да прочитате

Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот

Италија го обрани Дејвис купот, Синер влезе во историјата на тенисот

Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија