Утрински Весник
Скопје

Воздухопловно едукативен саем „SKOPJE AIR FAIR 2024“

20241025162012 Big 730x400 71.webp.webp

Во Градски Парк во Скопје денеска ќе се одржи 4. воздухопловен едукативен саем „SKOPJE AIR FAIR“, во организација на Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН.

На саемот ќе бидат претставени воздухопловните професии, а ќе бидат присутни воздухопловни ентитети од земјата и регионот, како и професионалци од разни сфери на воздухопловството кои ќе се обидат да им ја доближат авијацијата на младите.

Оваа година, како што најавија организаторите, на саемот ќе биде споделена успешна приказна за младиот битолчанец Христијан Котевски кој својот воздухопловен пилотски пат го започнал на првото издание на SKOPJE AIR FAIR во 2021 година.

Можете да прочитате

Црвен крст Гази Баба се всели во нови простории

SKOPJE AIR FAIR – Воздухопловно-едукативен саем во Градскиот парк во Скопје

Зголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври, најави МВР