Утрински Весник
Свет

Престрелка на фудбалски натпревар: Загинаа пет лица

Cop Murder.jpg

Најмалку пет лица загинаа во пресрелка што се случила во текот на фудбалски натпревар во Кингстон, главниот град на Јамајка.

Локалните медиуми јавуваат дека до пукањето дошло за време на пријателски натпревар во Плезент Хајтс во источниот дел на Кингстон.

Медиумите јавуваат и дека населбата во која се играл натпреварот во минатото имала големи проблеми со насилство од банди.

Околностите кои довеле до пукањето остануваат нејасни, но дел од медиумите пишуваат дека жртвите биле на трибините кога вооружените напаѓачи им се приближиле и почнале да пукаат.

Во нападот со огнено оружје наводно биле повредени уште неколку лица.Полицијата не соопштува повеќе детали за инцидентот, а по престрелката е воведен 48-часовен полициски час.

Можете да прочитате

Голем експеримент во Исланд: воведоа четиридневна работна недела, објавени резултатите

Трамп одржа преизборен собир во Њујорк на кој неговите сојузници дадоа расистички изјави

Си-ен-ен: Почнаа преговорите меѓу САД, Израел и Катар за прекин на огнот во Појасот Газа