Утрински Весник
Спорт

Гран Канарија собори рекорд стар 22 години

67181897a6d97.jpe

Избраниците на Јака Лаковиќ, кошаркарите на Гран Канарија испишаа нова страница во историјата на Еврокупот.

Тимот од Шпанија во петтото коло го совлада Улм со 125:78, со што стана тим кој постигна најмногу бодови во историјата на натпреварувањето.

Претходниот рекорд беше 121 поен и беше стар 22 години. Гран Канарија го доби првото полувреме со 68:37, но не попушти до крајот. Играчите на Лаковиќ играа со полна сила, па Улм доживеа класичен нокаут.

Најголем придонес во пишувањето историја имаа Мигел Салво со 20, Јован Кљајиќ, Калеб Хомсли, Николас Брусино со по 13 и Џорџ Кондит со 11 поени.

Можете да прочитате

Ѓорческа поразена од Анисимова – 24info.mk

Вечерва Норвешка и БСК за 1/8 финале и дуел против Бразил

Во Парагвај денеска е неработен ден по сензационалната победа над Германија