Утрински Весник
Македонија

Агрон Речи: Кривичната пријава против мене е резултат на намерна дискредитација

Agron Reci.jpg

По повод кривичната пријава против поранешниот државен правобранител Агрон Речи од Охрид, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување“, за ТВ21 реагираше Речи кој рече дека ова е обид да извалка неговото име, и ги отфрла сите сомневања.

Државниот правобранител за Охрид јавно реагира на кривичната пријава поднесена против него од страна на СВР Охрид, истакнувајќи дека обвинувањата за паралелно вршење на адвокатска дејност и застапување на државни интереси се неосновани и дел од долготраен обид за „валкање“ на неговото име.

Во своето објаснување до јавноста, тој ја презентира хронологијата на настаните: именуван бил за Државен правобранител на 10 ноември 2020 година од страна на Владата на РСМ, а неговото решение било објавено во Службен весник на 14 декември 2020 година. Според законската процедура, тој дал свечена изјава на 15 декември, по што формално ја презел функцијата на 17 декември 2020 година.

Наводите од кривичната пријава се однесуваат на негови активности како адвокат, кои, според него, биле преземени на 10 декември 2020 година, пред тој формално да ја прифати функцијата како државен правобранител. Тој истакнува дека во тој период сè уште не го примил решението за именување и не бил обврзан со правилата на функцијата.

Државниот правобранител потенцира дека веднаш по добивањето на решението, неговата адвокатска дејност била ставена во мирување, а сите негови постапки како адвокат до тогаш биле целосно во согласност со законот.

Во изјавата, тој поставува и два прашања до Владата и Министерството за внатрешни работи, со цел да разјасни дали било кој функционер именуван од Владата започнал со работа пред формално да го примат решението и пред да дадат свечена изјава.

Во однос на кривичната пријава, тој изразува сомнеж дека истата е поднесена поради неговото учество во судски процеси поврзани со Сашо Мијалков и други лица, во кои како државен правобранител поднел тужба за надомест на штета во висина од 3 милиони евра.

Тој нагласува дека против сите лица кои учествувале во поднесувањето на кривичната пријава ќе поднесе пријави за лажно пријавување и злоупотреба на службената положба. Државниот правобранител најави дека ќе продолжи да ја извршува својата функција законито и совесно, без да потклекне на притисоци.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара