Утрински Весник
Македонија

Жена тешко повредена во сообраќајна несреќа на магистрален пат

Brza Pomos 2.jpg

На 20.10.2024 во 20:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(24) од Струмица и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(27) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „опел“, Л.К.(31) од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можете да прочитате

СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Катевеновски бил разрешен од функција затоа што не ги исполнил нарачките на Заев, СДС и ДУИ за политички прогон на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Левица: Со новиот закон за високо образование професори ќе можат да станат само децата на богатите