Утрински Весник
Македонија

„Минатата влада ништо не направи, но ние ќе го завршиме автопатот Кичево – Охрид“, рече Мицкоски

20221212215436.jpg

Христијан Мицкоски денеска во изјава од село Брвеница, вети дека во мандатот на оваа влада ќе биде завршен автопатот Кичево – Охрид.

„Овие од ДУИ немаа решено ниту еден метар квадратен имотно-правни односи, и ние ги решивме, на автопатот Прилеп – Битола веќе се гради, а наскоро ќе почне од Гостивар до Букојчани. Ние не крадеме, ние не сме влада која реализира проекти за да им кажува на изведувачите дека оваа партија ќе носи песок, оваа фирма ќе донесе багер… Ако имате да вратите на општеството, еве направете улица, реновирајте градинка…“, изјави Мицкоски кој рече дека не е нормално за седум години да не биде завршен започнат автопат.

„Не е нормално седум години буквално ништо да не се направи да се заврши автопатот Кичево – Охрид, а оваа влада една секција ќе пушти пред почетокот на новата туристичка сезона, затоа што кај село Ботун има големо свлечиште, а очекувам и тоа да биде решено до крајот на 2026 година. Има 16 критични места, од кои 10 ќе ги решиме со Градежен факутлет, шест ќе ги решава фирмата изведувач, и ќе биде завршен од наша страна“, рече Мицкоски.

За потсетување новиот пат Кичево-Охрид е започнат со градење уште во времето на Никола Груевски.




Можете да прочитате

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија