Утрински Весник
Македонија

Таравари: Не сум судија, ниту обвинител, но очекувам одговорност од докторите кои направиле превид

Taravari Mia.jpg

Министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција изјави дека Извештајот за починатото 14-месечно бебе е направен од професионалци кои Министерството за здравство ги назначило и е испратен од институциите.

Во однос на коментарот дека Клиниката во Козле нема респиратор, Таравари кажа дека таа болница имала респиратор, но е прераспределен во некоја клиника каде што, рече, имало повеќе потреба. Министерството треба да обезбеди што поскоро таму да има инвазивен респиратор, додаде тој.

Не сум судија ниту обвинител, ангажирав Комисија која даде детален извештај што се случило. Извештајот е испратен до Клиниките, чекаме да видиме како ќе постапат директорите, ние можеме да постапиме врз директорите. Министерот не може да избрка од работа, Министерството треба да инсистира на директорите да бидат преземени мерки кон тие доктори што направиле превид“, изјави министерот Таравари.

Тој додаде дека се надева дека двајцата директори ќе преземат мерки. Министерот додаде дека не би сакал да има предрасуди во однос на тоа што ќе донесат, но очекува одговорност.

„Верувам дека двајцата директори ќе преземат мерки, а какви ќе бидат, не сакам да предрасудувам, сепак очекувам од нив да има некаква одговорност“, изјави Министерот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Го вративме кредибилитетот на маѓународна сцена

Таравари убеден дека уставните измени ќе се случат

Дали пругата кон Бугарија го преживеа инаетот на Николовски?