Утрински Весник
Македонија

Научен собир „65 години италијански студии при УКИМ“

Ukim.webp.webp

Научен собир „65 години италијански студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“ денеска ќе се одржи во свечената сала на Ректоратот на УКИМ. Организатори на дводневниот научен собир се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

Според прграмата, на отворањето на собирот ќе се обратат проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, раководител на Катедрата за италијански јазик и книжевност, проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје,  проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри.

Видео обраќање ќе има Дача Мараини, почесен гостин.

Можете да прочитате

Два активни пожари во Скопје, едниот во Брњарци, другиот во Волково

СВР Битола уапси две лица за подметнување пожари на отворен простор

Левица: ДПМНЕ има повеќе советници за млади и демографија отколку какви било резултати – училиштата им се празнат оред очи