Утрински Весник
Македонија

Реакција на Костадинов по исклучувањето на Струмица од проект финансиран од унгарскиот кредит

Img 5448.jpeg

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, остро реагира на одлуката на Владата да не ги вклучи проектите за Струмица во плановите финансирани со унгарскиот кредит. Тој упатува повик до струмичани да ја оценат ситуацијата и да го препознаат политичкиот притисок врз градот. Според него, овој настан претставува нов предизвик, но истовремено и можност за повторно будење на стремежот кон слобода и праведност.

Ја пренесуваме Фејсбук објавата:

Драги струмичани, денес повторно сме сведоци на неправеден однос кон нашиот град. Во името на Струмица и струмичани, ќе одмолчам, а вие ќе бидете тие што ќе пресудите за односот на ВМРО-ДПМНЕ и целата коалиција кон нас.

По долго време, Струмица повторно станува трн во окото. Моја Струмицо, помисли добро, анализирај и заклучи: против нас е отворен фронт! Но, ова нека биде зачеток на еден нов порив за СЛОБОДА! Струмица била, Струмица е, и Струмица ќе остане слободна!

Нашиот град не заслужува да биде изоставен од важни проекти кои носат развој и подобри услови за живот. И покрај сите пречки, ќе продолжиме да се бориме за она што е најдобро за Струмица и за сите вас.

Можете да прочитате

СДСМ: Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со соседите и ЕУ

Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и/или јаре