Утрински Весник
Скопје

Продолжуваат градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош

Image00005.jpeg

Продолжуваат градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош, зелен појас кој ќе се простира на површина од 86.000 метри квадратни. Се уредува и чисти запуштениот простор кој беше непристапен и обраснат, а сега прераснува во парк со чија реализација како проект и дел од програмата „За модерно Скопје”, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина.

Во паркот покрај зелениот појас, дрвјата и садниците, предвидена е изградба на пешачки патеки и паркинг за посетителите, нова урбана опрема и паркови за миленици. Посветено се работи на подигнување и уредување на зелени, модерни и еколошки содржини во градот кои се дел од долгорочните решенија за почиста животна средина и почист воздух за граѓаните на Скопје.

За прв пат по децении во општина Ѓорче Петров на површина од 32.000 метри квадратни, Аеродром на површина од 27.000 метри квадратни и Чаир на површина од 30.000 метри квадратни, се подигнати нови паркови површини, а низ јавните простори во надлежност на градот дизајнирани се и нови зелени јавни површини и паркови, кои Град Скопје како простор отпочнува да ги ревитализира и зазеленува за поубав град и здрава животна средина.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост

За граѓаните до 22 часот, за кафеаните до 1 по полноќ – нови правила за фрлање ѓубре во Скопје

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“