Утрински Весник
Македонија

МВР со предупредување: Чувајте се од измами поврзани со „Конти“

D0bcd0b2d180 D0bed182d181d182d180d0b0d0bdd0b5d182 D0b5 D0b4d0b5d184d0b5d0bad182d0bed182 D0bdd0b0 D181d0b8d181d182d0b5d0bcd0bed182 D0bd 63de6ede792ae.jpeg

Ве информираме дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични на него.

Во однос на горенаведеното сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме, а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картици. Исто така напоменуваме дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нашето министерство можете да ги најдете на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим