Утрински Весник
Свет

Жена без искуство во летање приземјила авион откако нејзиниот сопруг доживеал срцев удар

Avion.jpg

Ивон Кинан-Велс, која немала искуство со летање, го приземјила авионот откако нејзиниот сопруг, пилотот Елиот Алпер доживеал срцев удар додека управувал со авионот од Лас Вегас до Монтереј, Калифорнија, соопшти Федералната управа за авијација.

Кога се случил инцидентот, во двомоторниот авион биле само двајцата, а Националниот одбор за безбедност на транспортот објавил дека покренал истрага за случајот, објави „УСА Тудеј“.

Кинан-Велс добила помош од контролорите на летање и принудно слетала на аеродромот Медоус Филд во Калифорнија, на повеќе од 320 километри оддалеченост од нејзината првобитна дестинација. Алпер, кој доживеал срцев удар, бил итно пренесен во болница, а подоцна починал.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата