Утрински Весник
Македонија

Судир помеѓу мотор и четирицикл над браната Турија во Струмица

Image 216785.jpg

Вчера во пожарната во Струмица било добиено пријава за повредено лице откако се судриле моторцикл и четирицикл над браната Турија, во близина на с.Нивичино.

„Денес, (петок) 11.10.2024 година, во 14.00 часот, од страна на службата за брза помош беше добиена пријава за повредено лице при судир на мотокрос моторцикл и четирицикл над браната Турија, во близина на с.Нивичино. Поради непристапниот терен беше побарана асистенција од наша страна и веднаш е испратен тим од пет пожарникари-спасители со теренско возило кои заедно со екипата на брза помош дојдоа до местото на несреќата и го стабилизираа и транспортираа повреденото лице до Медицински Центар Струмица“, се вели во соопштението на пожарната во Струмица.

Можете да прочитате

Во тек гласање за кандидатите за Наградата за младинско учество

Левица: Одбиен амандманот за прогласување на Огражден за заштитно подрачје

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи