Утрински Весник
Македонија

Стабилно и суво викендов, но со пониски температури

Esen1.jpg

Утре како и во недела поради продор на малку посвежа воздушна маса од север, во Македонија ќе има опаѓање на температурите за околу 5 степени за разлика од оние кои ги имаме сега. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност.

Во сабота, особено долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Можете да прочитате

Ревизијата утврди неправилности во работењето на Државниот архив

Чести и обилни врнежи, силен ветер а од ноќта кон понеделник заладување и снег

СДСМ: Владата не сака да ги покачи платите на работниците – сака нов авион за Мицкоски