Утрински Весник
Македонија

Се намалува бројот на починати доенчиња во Македонија

Bebe.jpg

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на починати доенчиња во државава од 2014 година е намален.

Во 2014 година бројот на починати доенчиња бил 233, а во 2016 година починале најмногу доенчиња, односно 273.

Бројот на починати доенчиња во 2023 година е намален на 30 починати, 17 машки и 13 женски доенчиња.

Исто така и бројот на новороденчиња во 2023 година е намален за 7,4 отсто, во споредба со претходната 2022 година.

Како што информираат од ДЗС, во текот на изминатата 2023 година се родиле 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,6 години, а кај прворотките 28,1 година.

Можете да прочитате

Сиљановска Давкова: Нас никој не нѐ ослободи, сами се ослободивме со помош на над 110 илјади Народно-ослободителна војска за Македонија

“На овој ден ја славиме херојската борба на борците за слободa на нашата држава” Африм Гаши го честита Денот на народното востание

Наставничка по танц пријавила во полиција агресивно однесување од машко лице