Утрински Весник
Македонија

Приведен албански државјанин поради незаконит риболов

Lisici.webp.webp

На 10.10.2024 во 06.55 часот во водите на Охридското Езеро, спроти туристичката населба Свети Стефан, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро го лишиле од слобода И.Ц.(63) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов” и прекршок „илегално преминување на државна граница”. Со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна постапка, а уловот бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор – Охрид. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Можете да прочитате

Галичка свадба 2026: Традиција што обединува генерации и партнерства

Мицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проекти

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис